Уапсен градоначалник на СДСМ затоа што работел за народот

Хунтата го покажува своето лице Боро Стојчев. Ова име можеби не ви е познато, но за граѓаните

Боро Стојчев. Ова име можеби не ви е познато, но за граѓаните на општина Ново Село е општопознато кој е тој. Боро Стојчев, борец за граѓаните и нивните економски права, трговец кој како што го опишуваат е новоселскиот Робин Худ. Поради неговите добри дела хунтата на власт на чело со Зоран Заев решија да го стават зад решетки.

Боро вчера имал престрелка со полицијата со што јасно ја искажува неговата спремност да ги брани интересите на граѓаните по секоја цена. Прекарот новоселски Робин Худ го добива поради тоа што шверцувал цигари па така богатата држава ја лишил од акциза за сметка на сиромашните кои можеле да пушат поевтини цигари и со тоа да им се зголеми семејниот буџет.

„Нема да помине“, едногласни се жителите на општина Ново Село! Тие најавуваат масовни протести во одбрана на својот Роби Худ и велат дека нема да отстапат додека хунтата не престане да го гони!