Семејство од Велес живее во сиромаштија бидејќи не знае дека дошол животот

И после година дена од формирањето на новата влада сè уште постојат случаи кои поради изолираност од светот не разбрале дека животот на големо е дојден, платите константно растат, а Македонија е пред портите на рајот (читај НАТО и ЕУ) па поради тоа живеат во сиромаштија.

– Им ја исклучиле струјата пред неколку години, па уште не знаеја за успесите и резултатите на новата влада, па продолжиле да живеат во сиромаштија. Сега откако им ги кажавме добрите вести се надеваме дека тоа ќе престане во најскоро време. – рекоа од Министерството за труд и социјала.

Пред вработените во министерството е тешка мисија да стигнат до сите семејства кои не ги добиле добрите вести и да ги спасат од „крпениот“ живот.