СЕМЕЈНА ДРАМА ВО КОЧАНИ: Семејството се откажа од младата Марија

Вистинска семејна драма во градот на кочанскиот ориз

Вистинска семејна драма се случувала вчера во попладневните часови во Кочани. Како што јавуваат нашите извори од градот на оризот, црни облаци се надвиснале над семејството Митеви што резултирало со жестока кавга по што родителите ја избркале од дома нивната ќерка Марија.

МВР не излегува со детали, но како што зборува чаршијата во вчерашниот ден околу 16 и 30 часот по среднокочанско време сестрата на Марија, Ирена, на свет донела здраво бебе во кочанската болница. Ова е прво чедо на Ирена и Ѓорѓи кои се во брак две години. Но, оваа семејна среќа и радост набрзо се претворила во катастрофа.

Оваа е друга Марија

Имено, Марија, иако се израдувала на веста, одбила на социјалната мрежа „Фејсбук“ да соопшти дека станала тетка на едно мало ангелче. Ова претставувало шок за целото семејство, а таткото Марко морал итно да биде пренесен во болница. Поради ваквиот тек на настаните семејството одлучило да ја протера од својот дом Марија која сега е на улица.

„Дали моето чедо не е најубаво на светот? Дали не е ангелче? Убаво рече Семе Синапово- само оние што ги сакате можат да ве повредат“, видно потресена рече Ирена.

До затворањето на текстот Марија уште се нема пофалено на „Фејсбук“ дека е тетка на мало ангелче со што може да направи проблеми при запишувањето на бебето во матичната книга на родените. Кучка.