Пронајден вториот докторат на Рашковски

Рашковски помага во чистењето

Денес, чистејќи ги подрумските простории на владата, А.А. пронашол неидентификуван докторат при што е спроведена кратка истрага и е утврдено дека тоа е докторатот на Генералниот секретар на Владата, д-р. Драги Рашковски.

Тој, по повод настанот свика прес-конференција на која го искажа своето задоволство и рече дека е среќен што може да ја исчисти дамката своето име. Објасни и како го изгубил докторатот:

– Водени од желбата да им помогнеме на колегите хигиеничари, јас и уште неколку колеги од владата поминавме неколку часа фотографирајќи ги како чистат. Поминавме десетици минути во хаосот што го наследивме од претходниците, па голема е веројатноста да сме загубиле уште неколку докторати. – ни рече д-р д-р Драги Рашковски.