Наместо одмор партиите најавија работно лето во кое планираат да чукнат на секоја врата и да го посетат секој дом.
Веста ги вознемири граѓаните кои се растрчаа по агенциите за обезбедување за да си го заштитат домот од најавените гости. Се купуваат аларми и се резервира физичко обезбедување на домовите за дента кога се најавени посетителите.
– Обично летото е релативно слаб период за нас, но после најавата на партиите, обемот на работа ни се зголеми двојно. Се надевам дека ова ќе прерасне во традиција. – ни изјави Д.М., сопственик на агенција за обезбедување.
Посиромашните граѓани се самоорганизираат, ќе формираат маалски стражи кои во текот на летото ќе ги обезбедуваат домовите.