Македонeц во конкуренција за нов селектор на репрезентацијата на Русија

Јанко Бачев вс. Хермелин 2-0 (во знамиња)

После елиминацијата на репрезентацијата на Русија од Светското првенство во фудбал, претседателот на федерацијата (и фудбалската и федерацијата на држави, Путин) не чекаше долго да се пуштат во потрага по нов селектор за следниот циклус квалификации.

Меѓу големиот број стручњаци се најде и едно познато име за нашата јавност, кое во последниов период се истакна со своето лидерство – Јанко Бачев.

– Презадоволни сме од неговиот ангажман и лидерство на протестите во Скопје. Посебно не’ воодушеви тактиката што г-нот Бачев ја користеше против полициските хермелини. Таа тактика ќе беше победничка за нас. – велат од федерацијата.

Потенцијалниот нов селектор не сакаше да ја коментира понудата, но надополни дека е спремни на се’ за да ги зближи своите две мајки, Русија и Македонија.