MИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ СПРЕМНО ГО ДОЧЕКА ПРВИОТ СО КОРОНА: Патник од Италија е привот заразен

    Фото - vistinomer.mk

    Како што изјавуваат медиумите, а потрврди и Министерството за здравство, во Македонија е забележан првиот заболен од Корона вирусот. Како што најави потпретседателелот на СДСМ – Коста Петров на Твитер тие се спремни за ова.


    МЗ е кратеница од Месна заедница, но Петров не кажува според која месна заедница сме спремни

    „Го дочекавме заболениот како што им приличи на македонската традиција и гостопримливост со кафе и локум, па после ракија и салта“ изјави Филипче.

    Се очекува во текот на денот да биде сечена и црвена лента со што официјално ќе се пушти во употреба Корона вирусот во Македонија.