JAПОНИЈА ПО СТАПКИТЕ НА МАКЕДОНИЈА: Воведува дремка на работно место

Македонскиот економски модел и начин на работа ги импресионира и жителите на земјата на изгрејсонцето, Јапонија. Па така тамошните компании воведуваат задолжителна дремка на работното место.

„Ова е само уште еден доказ за тоа колку е напредна македонската администрација, Јапонија после 30 години од нас го воведува овој модел. Ние сме земја за пример“ велат од владата.

Јапонец во душата

Овој модел на дремки на работа во Македонија функционира одамна, а резултатите се видливи со голо око.