Докторатот на Груевски меѓу топ 10 најцитирани научни трудови во светот

Груевски, очилата (дека доктор) и докторатот кој руши рекорди

Само неколку часа после одбраната, докторатот на НГ се искачи на петтото место на листата на најцитирани научни книги, а експерти велат дека ова е само почеток на една нова револуција во економијата.

Освен неговиот стручен труд за издавачките куќи е интересна и неговата животна приказна. Според неофицијални информации, Силвестер Сталоне веќе доставил понуда за снимање на ново продолжение на „Роки“, базирано врз основа на животот на нашиот поранешен премиер.