50% ОД МЛАДИТЕ СЕ НЕ ПИСМЕНИ: Другите 75% се писмени, велат од министерство

фото - novamakedonija.com.mk

Поразителни податоци излегоа денес. Дури 50% од младите се неписмени, а другите 50% не биле тестирани. Ова се должи на добриот образовен систем и континуираните реформи на истиот во минатите 27 години.

„Најниска стапка на неписменост има кај младите доктори на науки, само 9%, потоа следуваат магистрите со 11% од неписменост, па оние со факултет со 30% неписменост, а средношколците за жал не можеа да го прочитаат тестот па немаме податоци“ велат од министерството.

Половина од младите не знаат што е ова

Позитивна страна на ова е што во Германија не бараат да занеш македонски јазик.