20 причини зошто да не излезеш на референдум

Референдумот ја подели Македонија. Не дека е тешко тоа за земја во која народот се подели за тоа дали имало загадена вода во Дојран, иако резултатите од испитувањето кажаа дека има. Но, сепак ако уште не си решен/а шо ќе правиш на 30-ти септември, еве ти причини зошто да не излезеш на референдум. А еве ти и 20 причини зошто да излезеш на референдум. Па види си, ако можиш да гласаш на референдум можиш и да одлучиш дали ќе гласаш или не.

Интроверт си, шо има да излегуваш, па таму здраво, како си… Единствено би излегол ако има пожар баш во твојата соба.

  1. Имаш ајвар за правење. Да се јаде мора, да се гласа не
  2. Лошо си излезен/а на личната карта
  3. Недела цел ден има евтина струја. Да беше во среда референдумот, ај некако ама недела? Само недомаќини ќе излезат
  4. Ќе ја миеш Ладата
  5. Недела. Не дела. Значи нема дела на тој ден. Шо не е јасно?
  6. Не можиш баш на 30-ти. Во Германија си. 23 години
  7. Грд ти е потписот, па не сакаш да се срамиш пред луѓето
  8. Му борчиш 100 евра на Ѓоре од водовод од 7-ми, а тој сигурно ќе е во комисија па да избегнеш непријатности
  9. Не те пуштаат од дома да гласаш
  10. Англиско, италијанско, романска втора лига, узбекистанските бадмингтон асови Кадиров и Устинов имаат дерби. Треба да ја затвориш кладилницата, не да се гњавиш со глупости
  11. Не сакаш да те прскаат со спреј или да те мачкаат со маркер. Од кај знаеш шо имаат Вавилонската блудница од Брисел во содејство со клерофашистите на Рокфелер и Ротшилд од змиското гнездо Ватикан и локалните петтоколонашки слуги на Deep state во земјава ставено во маркерите? А? Порано ко немаше гласање немаше ни депресија, ни чуда. Ќе те прсне и оп после месец, два ќе почнеш да веруваш дека земјата не е рамна. Прочитани се!
  12. Не сакаш да ти се исуши раката
  13. Немаш добра јакна за да живееш во земја која се вика Северна
  14. И шо сега? Северна? ОК. После ќе го пуштат ХААРПОТ, надвор -20, диви пингвини да касаат по улици? То сакате? Ко хоче нека изволи!
  15. Никогаш не го сакаше школото, а сега е таму гласачкото место и не сакаш да се навраќаш на траумите
  16. Најде евтин ласт минит за Грција. Ќе ги ебеш ќе гласаш, нека пукнат Грците
  17. „И шо да не се смени нешто?“
  18. Имаш мајстори на 30-ти… Ако можат да го префрлат за наредна недела, може и ќе излезеш
  19. Си Јанко Бачев