ЈАНКО БАЧЕВ ПОДНЕСЕ ИНИЦИЈАТИВА ДО СОБРАНИЕТО: Забрана на руската салата за сите што се за НАТО и ЕУ

Лидерот на Единствена Македонија и 25% од членството, г-ин Јанко Бачев, денес до Собранието поднесе иницијатива со која бара итно да им се забрани консумирање и припрема на руска салата на сите што се за влез во НАТО.

По излегувањето од парламентот тој рече дека, во соработка со Руската Федерација, формирал комисија која ќе издава дозволи за ракување со руска салата на сите што ќе докажат дека се против евроатлантските интеграции. За тоа побарал поддршка од пратениците што се искрени пријатели на Русија и нејзината салата.

– На другите им кажав да не помислат за празнициве да вкусат руска салата. Имаат избор, шопска или грчка. Па не може некој што 11 и пол месеци трубел за негативно руско влијание, две недели да гнете од руската кујна. Њет руска салата за кодошите и изродите! – рече Бачев.

Дали пратениците ќе се откажат од НАТО и ЕУ заради руската салата?!

По завршувањето на пресот Бачев и членството на „Единствена Македонија“ остануваат во шатори пред Собранието, од каде будно ќе внимаваат да не биде прошверцувана руска во Собранието пред формирањето на комисијата.