ЅВЕЗДИТЕ ОТКРИВААТ: Како ќе гласате на референдумот според вашиот хороскопски знак?

Овен: Познати по вашата отвореност, гласно ќе го кажувате ставот, меѓутоа вашата спонтаност кажува дека конечната одлука ќе ја оставите за последниот ден. Сите опции се во игра.

 

Бик: Вжештената атмосфера пред референдумот е како створена за вас, пред сѐ заради вашата желба за расправање. Уживате во вниманието кое ви го посветуваат другите, па сте спремни да искажете и контроверзни ставови кои ќе се противат на мислењето на мнозинството.

 

Близнаци: Вие не сте борци, па сакате што побрзо да се реши прашањето затоа што на ТВ рекоа дека НАТО ќе ни пружи безбедност и напредок. Ќе гласате ЗА.

 

Рак: Имате романтична душа која пати за неправдите кои ѝ се нанесуваат на државата. Често размислувате за хероите кои го дале животот за Македонија и често знаете да пуштите и солза кога пеете патриотски песни. Ќе го бојкотирате референдумот.

 

Лав: Вашата страст и избувливост кажува дека до последен момент ќе се премислувате за одлуката, но која и да е таа, спремни сте гласно и агресивно да ја браните затоа што лавовите се секогаш во право. Одлуката може да ја смени во последен момент заради инает.

 

Девица: Вие сте познати по хигиената и грижливоста. Ве импресионира тоа што земјите во ЕУ се чисти и средени, па сметате дека со влезот во ЕУ ѓубрето само ќе се чисти. Ќе гласате ЗА и ќе се обидувате да ги убедите и другите заради грижата за иднината на децата.

 

Вага: Сакате да ги гледате нештата од сите агли, па затоа долго ќе размислувате за вашата одлука. Ќе мерите и премерувате многу пати па така сите опции се во игра.

 

Скорпија: Познати по својата смисла за хумор, нема да можете да гласате на референдумот од смеење затоа што вашиот глас нема да значи ништо поради тоа што референдумот е консултативен, а не обврзувачки. Значи бојкотира.

 

Стрелец: Стрелците се лојални и сакаат да се дел од група, па логично ќе гласаат така како што ќе им кажат во партија.

 

Јарец: Вие сте реални, цврсто сте на земја и практични, па долго време ќе размислувате што губиме, а што добиваме со договорот. После 15 минути мислење ќе ви стане јасно дека не е ни до ЕУ ни до НАТО, туку до тие што ги бираме 27 години.

 

Водолија: Вашата единственост и уникатност секогаш ве носи во спротивен правец од мислењето на мнозинството. Ќе чекате да видите во кој правец се движи популарното мислење, па ќе гласате обратно од тоа.

 

Риби: Рибите сакаат компромиси и имаат разбирање за луѓето околу себе, па нив одлуката за гласање на референдумот воопшто нема да им падне тешко. Ќе гласаат ЗА, затоа што разумен компромис е разумен компромис.