ШОКАНТНО, СКАНДАЛОЗНО, НЕМА ДА ВИ СЕ ВЕРУВА: Портал објавил вест која не содржи ниту еден од овие зборови

„Каде оди македонското новинарство?!“ – ова прашање си го поставува секој разумен граѓанин откако денес познат македонски портал објави вест чиј наслов само ја најавува случката во текстот и со тоа предизвика шок и гнев во јавноста.

Од ЗНМ веднаш реагираа на непрофесионалноста на порталот и побараа од сопственикот да ја тргне веста или ќе сноси последици поради непридржувањето кон високите стандарди што ги негува македонското интернет новинарство.

ЗНМ свика итна седница со цел да се санкционира ова недолично однесување на порталот

Како ова ќе влијае на оценката од Фридом Хаус за слободата на медиумите и дали повторно ќе добиеме негативна оценка заради самоволието на некои сопственици на медиуми, останува да видиме.