ШЕЌЕРИНСКА НАБАВИ ГУМИ ЗА АРМ: Ветува дека наредна година ќе набават и возила за гумите

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска денес присуствуваше на важниот чин во касарната во Ѓорче Петров каде што стигна навбавката на гуми за нашата армија.

„Овие гуми се од витално значење за сигурноста на Македонија, а министерството за одбрана планира да почне да набавува и шасии и други делови за возила како до 2022-ра би можеле комплетно да составиме возило за потребите на армијата“ истакна Шеќеринска.

„Ова е тоа што го викаат гума“ и објаснува мајор на АРМ на министерката

Откако таа ги разгледа гумите и го утврди нивниот висок квалитет тие ќе бидат пуштени на турнеја низ сите поголеми градови за да можат граѓаните да се сведоци на напредокот кој го донесе новата власт.