ЧЛЕНСТВОТО НА ДС ЗАЕДНО ПРОСЛАВИ 20 ГОДИНИ: Правилото за 5 луѓе во иста просторија испочитувано

Позитивен пример за тоа како може да се почитуваат препораките и во исто време да се прослави 20 години успешно пловење по немирните македонски политички води, ни демонстрираше партијата на Павле Трајанов, Демократски Сојуз (ДС), која за роденденот го собра членството на едно место.

Како што не’ информираше портпаролот на ДС, г-нот Павле Трајанов, на забавата биле преземени сите потребни мерки за претпазливост, просторијата била темелно дезинфицирана и биле набавени три пара заштитни маски и ракавици, по еден за секој член.

Што се однесува до прашањето за кое јавноста беше најмногу загрижена – забраната за собирање на пет или повеќе луѓе во иста просторија – тој истакна дека нема место за паника, затоа што тоа правило не би се прекршило ниту во златните времиња на ДС, кога беше дел од власта.

Министерство за здравство: „Демократски Сојуз ДООЕЛ“ е пример за општествено одговорна партија!“

И министерот Филипче ни потврди дека сите процедури биле испочитувани, притоа истакнувајќи дека претседателот лично, своеволно доставил регистар на сите членови и на забавата присуствувале: претседателот и портпарол, Павле Трајанов, неговата сопруга и шефот на обезбедување – германскиот овчар Макс.