ТЕЛЕФОНОТ МУ СЕ ПРЕФРЛИЛ НА 5Г МРЕЖА: Направил селфи и завршил со изгореници

Круме Ф. од Кичево, познат и како Фреди затоа што ретко ги сече ноктите, завршил со изгореници по целото тело, откако во обид да направи селфи, телефонот му се префрлил на 5Г мрежа и го осакатил за цел живот.

Последното селфи на Круме.

Сега, заедно со својот кум кој бил сведок на настанот, се обидуваат да ја рашират нивната приказна, но се соочуваат со пречки на секој чекор. Објавите им се цензурираат, новинарите бегаат од нив како од кошмар, а тие што ја поставуваат 5Г мрежата молчат.

Но и покрај се’, Круме вели дека нема да се предаде и ќе стори се’ што е во негова моќ да ги пронајде тие што ги поставиле антените за да им се одмазди.