ХАЗБИ ЛИКА ПОЧНА СО РАБОТНАТА ТУРНЕЈА ПО ИНСТИТУЦИИТЕ

    Денес остварил средби со дел од роднините вработени во администрацијата Директорот на Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор, Хазби Лика, денес ја започна мини турнејата, со која е планирано да се опфатат сите институции во кои има вработено негови роднини. Според првичните информации, денес тој се сретнал со околу 20ина први и втори братучеди, а посетите ќе продолжат и во наредниот месец дена, се’ додека не се види со сите роднини од неговата фамилија. На пресот по завршувањето на првата официјална посета, тој истакна дека му е мило што после долго време успеал да се види ги види своите блиски за заедно да работат на подобрување на комуникацијата во неговото семејство, која е жртва поради презафатеноста на семејството со државнички работи.

     

    Chat Conversation End