После одлуката на владата кампањата за референдумот да се финансира со заштедите што ќе се кратат од службените ручеци и патувања на министрите, во неколку градови низ државава ќе се организираат протести под мотото „Сит министер – среќен министер!“ ќе се организираат протести на кои граѓаните ќе го искажат своето незадоволство и ќе извршат притисок уште еднаш да се размисли за ваквата одлука.

Народот се буди!

Контактиравме со еден од организаторите да дознаеме што ги мотивираше да излезат на улица. Тој ни изјави:

– Не е во ред ова што се прави. Како да очекуваме од министрите да го дадат најдоброто од себе ако барем еднаш во денот не јадат морска храна или кавијар? Да не треба сами да си го плаќаат ручекот? На празен стомак не се води држава!

Други пак се револтирани од кратењето од службените патувања:

– Ова е навистина несериозно. Па што да прави функционер кој има 3 деца, а само една службена кола на располагање? Да ги пушти сите наеднаш на одмор, без друштво и придружба? Има начини на кои може да се среди ова, како на пример да се отвори линија за донации, да се организираат хуманитарни концерти, да се намали минималната плата на 150 евра и парите да се пренаменат за референдумот итн.

Дали овие протести ќе вродат со плод и владата ќе ретерира од својата одлука останува да видиме во наредните денови.