ФЕЛАТА ВО ШОК: Професионален експерт одбил учество во дебата бидејќи не знае ништо за Ковид-19

За прв пат во историјата на независна Македонија, по три децении слободни медиуми, се случи незамисливото – професионален експерт за дебатни емисии, одби да учествува во дебата на тема што не ја познава и реши своето место да му го отстапи на некој што е покомпетентен и пообразован од него т.е. некој од чии совети јавноста би имала корист.

Комората на професионални експерти го осуди однесувањето на нивниот член и најави санкции за него!

Оваа негова одлука предизвика бес кај неговите колеги – експерти, кои побараа тој да ѝ се извини на јавноста затоа што се осмелил да не даде свое мислење на тема од која нема никакви познавања и побараа од телевизиите во иднина да не го канат во своите емисии.