ФАСЦИНАНТНО ОТКРИТИЕ НА 14 ГОДИШНИК НА ФЕЈСБУК: Во Југославија се живееше подобро

Фасцинантно откритие се случи денска на социјалната мрежа Фејсбук од страна на корисникот Marko RapKilaah Dancevski (poln profil) кој на сите им откри дека во Југославија, чиј празник или роденден е денес, се живеело подобро. Marko RapKilaah е роден во 2004-та.

Според неговите кажувања иако не бил директен сведок на настаните животот во Југославија бил многу подобар од ова „sranje“ и сите можеле да одат на одмор и да имаат стан и работа и „vo bugarija da odime so dve cerveni da karame hhhhh“.

„drzavata e sranje“ вели младиот Marko RapKilaah кој и пишува рап песна на оваа тема

Професори од повеќе еминентни унивезитети веќе се заинтересирани за ова истражување и неговата компаративна вредност.

„Marko RapKilaah ни ги отвори очите. Никој досега не размислувал како него и не ги погледнал работите од таа страна. Веќе сме во контакт со универзитети од Англија и Германија кои изразија заинтересираност за оваа научна студија и се надеваме дека ќе ја имаме честа самиот автор да присуствува во истражувањата“ вели професор Енис Хаџибеговиќ од Универзитетот во Љубљана.

Покрај универзитетските професори за овој статус се заинтересираа и работниците кои велат дека поради ова почнаа се поактивно синдикално да се организираат, а во план е и заживување на Комунистичката партија на Македонија. Тие велат дека ќе почекаат Marko RapKilaah да наполни 18 години и да ги поведе во борба.