УЈП ЌЕ ГИ ЛОВИ ГРАЃАНИТЕ КОИ ЧУВААТ ДЕВИЗИ ПОД ПЕРНИЦА: Распишан тендер за набавка на кучиња трагачи

Управата за јавни приходи соопшти дека распишале тендер за набавка на 100 кучиња трагачи со кои ќе им се влегува во трага на граѓаните кои парите и другите скапоцености не ги чуваат во банка, туку под перница или во својот дом.

– Не е доволно тоа што о новите законски измени УЈП ќе има увид во банкарските сметки на граѓаните. Се’уште постојат луѓе, посебно од постарата генерација, кои парите ги чуваат под перница како да сме 17ти век. Со ова, освен што ќе ги откриеме и оданочиме тие пари, ќе делуваме и превентивно за ова да не се пренесе и на помладите генерации. – рекоа од УЈП.

Тендерот е отворен до 30ти септември и на него можат да се пријавуваат сите кои сметаат дека нивното куче е надарено да намириса девизи, благородни метали и денари.