УЈП ПРЕДУПРЕДУВА: Коледарчињата до 31-ви јануари да ги пријават парите

Управата за јавни приходи ги потсетува сите коледарчиња да ги пријават приходите од шетање од врата до врата заклучно со 31-ви јануари 2019-та година во спротивно ќе бидат гонети за затајување на данок.

„Помина времето на безвластие и конечно дојде ред да се стави крај на перењето пари и нелегалните приходи кои некои граѓани ги стекнуваат и не ги пријавуваат во УЈП“ велат од таму.

Од едни поинакви денови

За оние коледарчиња кои нема да ги пријават парите следи казна во износ од 500 евра и забрана за коледарување во наредните три години.