УШТЕ ЕДНО РОМАНТИЧНО ЗАПРОСУВАЊЕ ВО ОХРИД: Ја побарал за жена на покривот на својата дивоградба

Два дена откако момче ја запроси својата девојка на дното на Охридското Езеро, уште едно уникатно запросување во нашиот културен и туристички центар го привлече вниманието на јавноста по својата креативност.

Овојпат се работи за познат локален шериф, кој во желба да и’ приреди несекојдневно изненадување на својата сакана – ја побарал нејзината рака на покривот на својата дивоградба во зашитениот дел од градот.

Од општина Охрид рекоа дека ова ги инспирирало да ги пренаменат дивоградбите, па наместо да се рушат, тие ќе се издаваат за запросувања

Потоа младите се упатиле кон кафе-барот на младоженецот, кој се наоѓа на брегот на Охридското Езеро и продолжиле да слават на нелегално изградената платформа до раните утрински часови.