По справувањето со загадувањето, енормното зголемување на платите и затворањето на криминалците, власта продолжува со имплементирање на „Планот за живот“ па така на ред дојде и парите украдени од буџетот да се вратат кај граѓаните.
Според првичните проценки, до сега се успешно се вратени над еден милион евра во џебовите на граѓаните и тоа 350 илјади кај граѓанинот Сашо Мијалков, додека на граѓанинот Крсто Мукоски му се вратени над 650 илјади евра.

Оваа сума веќе стои на бројчаникот, а сите кои се заинтересирани да ја видат, тоа ќе можат да го сторат со помош на телескопите и двогледите што ги поставија од град Скопје за таа прилика.