УШТЕ ЕДНА ЖРТВА НА НИСКИТЕ СТАНДАРДИ НА ГРАДБА: Загина постар маж

Празнициве не се среќни за сите. Како што јавуваат извори блиски до коледарчињата во утинските часови загинал постар дедо. Тие овој случај одат и го пријавуваат од врата на врата.

„МВР излезе на терен да го испита случајот и заедно со екипа на медицински вештаци и судија констатираше смрт кај дедото поради удар со тап предмет кој паднал. Тапиот предмет т.е. гредата е однесена на вештачење“ стои во соопштението на МВР.

Дедо пред паѓањето на гредата

Ова не е прв ваков случај во земјава, а според податоците ова се случува секоја година за време на Коледе и Бадник. Досега никој не сноси одговорност.