УАПСЕНИТЕ МАЈСТОРИ ПРИЗНАА: Самоиницијативно ја граделе дивоградбата за да го изненадат газдата

По 48 часовно испитување, четворицата градежни работници кои завчера беа уапсени во Охрид откако градежни инспектори ги затекнаа како градат дивоградба, признаа дека граделе на своја рака, иако нивниот газда инсистирал да се почитува законот.

Според нивниот исказ, целта им била да му приредат изненадување на газдата и да ја завршат куќата пред тој да се врати од четвртиот одмор годинава, што докажува дека му работеле зад грб и без негово знаење.

УНЕСКО ја поздрави акцијата на СВР Охрид и ги охрабри органите да продолжат со апсење на градежни работници

Од СВР Охрид велат дека поради тоа што сопственикот на плацот е жртва на несовесни работници и бил бескрупулузно злоупотребен од своите вработени – нема да го откриваат неговиот идентитет за да не му предизвикаат дополнителни трауми.