ТРУДНИЦА ИСФРЛЕНА ОД КЛИНИКАТА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА СРЕДЕ ПОРОДУВАЊЕ: Главната сестра тврди дека прекршила повеќе граматички правила

Благуна Ф., 28 годишна трудница од Скопје и нејзиниот сопруг, вчера биле исфлени од Клиниката за гинекологија поради, како што вели главната сестра која е дипломиран професор по македонски јазик, „непочитување на граматичките правила и лошо владеење на македонскиот јазик“.

Инцидентот се случил за време на породувањето, кога сопругот во неколку наврати го употребил зборот „буткај“ при што бил опоменат од главната сестра дека правилно е „туркај“, но и покрај тоа тој продолжил со истата реторика. Во тој момент, главната сестра го прекинала породувањето и побарала од пациентите да ја напуштат клиниката.

Главната сестра им препорача на трудниците добро да го прочитаат правописот пред да ја посетат клиниката.

Од Клиниката за гинекологија ни рекоа дека и во иднина ќе бараат од трудниците и нивната придружба да се придржуваат кон граматичките правила и правилниот изговор или во спротивно ќе ги сносат сите предвидени последици.