ТЕЛЕВИЗОР ЗА ПРВИОТ СКРШЕН КОЛК: Хуман гест на градоначалничката на Битола

После првороденото дете во Општина Битола со телевизор се стекна и Н. П. (47) кој на нерасчистените пешачки патеки прв во градот скрши колк. За ова достигнување мајката на градот, со 40 минутни донцнење поради неисчистените улици, му подари телевизор, килограм банани и сок.

„Право чудо е како после три дена имаме само еден со скршен колк. Точно е дека улиците не се чисти, пешачките патеки исто, помалите улички непроодни, но можам да ви кажам исто како за загадувањето – ние немаме магично стапче“ изјави градоначалничката која нема магично стапче.

Нема магично стапче – Наташа Петровска

Покрај овој пациент видно возбудени беа и другите пациенти во костосзглобно одделение кое е полно па ако некој скрши нешто мора да си носи кревет од дома.