ТЕВДОВСКИ ЗГРОЗЕН ОД БЕСЧУВСТВИТЕЛНОСТА НА ГРАЃАНИТЕ: Не осеќаат дека платата е 26.000

    Просечната плата во Македонија достигна 26.000 денари, но граѓаните не го чувствуваат тоа, изјави министерот за финансии Тевдовски. И навистина најголем дел од граѓаните не го чувствуаат тоа.

    „Згрозен сум од бесчувстителноста на моите сограѓани. Значи не е сѐ до парите, еве платата е 26.000 денари, а тие не чувствуваат. Треба да поработат малку на емоциите“ истакна Тевдовски.

    Една слика, 1000 глупости

    Според истражувањето на министерството за финансии единствени од граѓаните кои почувствувале дека платата е зголемена се вицепремиерите кои си ја зголемија платата за 8000 денари во декември.