СТАТУСИТЕ НА ГРУЕВСКИ ЌЕ ВЛЕЗАТ ВО ЛЕКТИРА: Се планира и нивна екранизација

    Денес експремиерот имаше доста продуктивен ден. Напиша три статуси кои според литературните критичари изобилуваат со богат јазик и се планира во најскоро време да влезат во лектири.

    „Покрај изданијата како лектира веќе од Филмскиот фонд се одобрени 250.000 евра за копродукција со унгарска продукциска фирма кои треба да снимат филм според статусите на Груевски“ велат филмските работници.

    Семејство од Ерековци, прилепско ужива во статусите на Груевски направени како детска книга

    Дали овие статуси се дел од книгата поради која бараше одлагање на затворската казна сѐ уште не е познато.