СКОПЈЕ КОНЕЧНО НА ВРВОТ: Честитки стигаат од сите страни за најзагадениот град во светот

Фото - денешен.мк

Помина времето кога Скопје беше на второ, трето, седмо место како најзагаден град во светот. Вчера главниот град на Република Македонија се искачи на самиот врв! Честитки до градоначалникот Петре Шилегов стигаат од сите страни на светот.

„Не беше лесно, но јас пред Нова година ветив дека Скопје ќе го однесам на првото место и тоа и се случи. Им благодарам на сите големи и мали загадувачи што придонесоа да се оствари овој сон“ истакна Шилегов во своето обраќање.

Барем сме под уставно име

Инаку Скопје е кандидат за Еко престолнина на Европа заедно со Осло и Копенхаген.