СЕ’ ПОБЛИСКУ ДО 500 ЕВРА ПРОСЕЧНА ПЛАТА: Законот за покачување на платите на вицепремиерите стигна во Собрание

Иако на многумина им звучеше нереално ветувањето 500 евра просечна плата, се’ повеќе функционери се жртвуваат и си ја покачуваат платата за да се достигне оваа магична бројка.

Така, по градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски, на ред да ја покажат својата хуманост со тоа што ќе примаат поголема плата, дојдоа и вицепремиерите, кои чекаат на Собранието да го официјализира покачувањето.

Хуманитарните организации тријат раце поради зголемувањето на платата на г-нот Кочо Анѓушев

Поголемите плати за вицепремиерите посебно ги израдува анонимните хуманитарни организации на кои вицепремиерот Кочо Анѓушев им ја донира целата плата.