СЕ ГЛЕДА КРАЈОТ НА ЗАГАДУВАЊЕТО: Владата субвенционира електрични автомобили

Фото - novatv.mk

Како што изгледа уште малку ќе е загадено. Запамете го загадувањето затоа што со новата мерка на владата за субвенционирање на електрични автомобили тоа ќе биде само минато, во учебниците по историја.

„Секое семејство кое вози дизел од 1987-ма година сега може да си дозволи електричен автомобил кој не е поевтин од 30.000 евра. Очекуваме масовност од граѓаните нивните стари Шкоди, Опели, Голфови да ги заменат со електрични автомобили“ стои во соопштението од владата.

Кочо Анѓушев, пример во борбата против загадувањето

Прв, како пример за другите, оваа субвенција ќе ја искористи вицепремиерто Кочо Анѓушев, а оние што нема да купат електричен автомобил автоматски заштедуваат 30.000 евра, изјави Драги Рашковски, со што пасивно им е зголемен домашниот буџет.