Природата секогаш наоѓа начин!
Во каналите во Венеција се вратија лебедите и делфините, на плоштадот во Скопје се појави зеленило, а Охрид повторно го посетија дивите парапетчиња и платформи и го разубавија охридското крајбрежје како некогаш.
Еколозите велат дека очекувале овој феномен да се случи за време на карантинот, затоа што парапетчињата и платформите се доста плашливи и избегнуваат контакт со јавноста. Според нив, тие го искористиле периодот додека граѓаните седат затворени во своите домови за да се вратат во својата природна средина и да продолжат да растат и да се множат.

Од општина Охрид за Фчерашни изјавија дека работеле напорно за да создадат услови овие ендемски видови повторно да ги видиме таму каде што припаѓаат – во Охридското Езеро и ни открија дека подготвуваат на нацрт-план, со кој тие ќе бидат прогласени за природно и културно наследство.