РОДНИНИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ СЕ ПОВЛЕКУВААТ: Македонија увезува работници од Сирија и Афганистан

    После бурните реакции на македонската јавност поради непотизмот сите роднини на функционерите се повелкуваат од јавната администрација со што се створи вакум во работните места.

    „Поради недостатокот на работна сила која не е во роднинска врска со некој функционер Агенцијата за вработување на Република Македонија реши да увезе работна сила од Сирија и Афганистан, а ако и овие работници не се доволни се очекува увоз и од Германија и Шведска“ вели премиерот Заев.

    Да се надеваме дека Кирацовски нема баба и дедо од Кабул

    Ова отвори можност за функционерите да ги вработат своите подалечни роднини од Сирија и Афганистан.