РОДЕНО ПРВОТО ПЛИШАНО МЕЧЕ ВО СКОПЈЕ: Го посети и градоначалникот Шилегов

Во Клиниката за акушерство денес се роди првото плишано мече во Скопје и како што е ред тоа беше посетено од таткото на градот, Петре Шилегов. Тој им посака голема среќа и успех на шивачите чие мече е ова.

„Се надевам дека еден ден ова мече ќе прерасне во прекрасна голема мечка и дека низ животот ќе го водат среќата, добрината и сите други доблести“ истакна тој видно возбуден.

Градоначалникот Шилегов беше видно возбуден

Тој на мечето му подари конец, игла и уште едно помало мече за да има братче. Убаво од негова страна.