РЕСЕНЧАНЕЦ НА КРАЈОТ НА ЈАНУАРИ ИМА УШТЕ 300 ДЕНАРИ НА СМЕТКА: УЈП испитува

Фото - fokus.mk

Сомнителни активности забележала УЈП на сметката на еден ресенчанец кој на крајот на месецот кој трае три месеци има уште 300 денари на сметка. Ова го вклучило црвениот аларм кај Управата за јавни приходи.

„Кај лице од Ресен се забележани 300 денари на крајот на јануари што е реткост кај македонските граѓани. Од каде ова богатство на крај на месец? УЈП сега го испитува потеклото на имотот“ стои во соопштението.

Скандалот го потресе Градот на јаболкото и неисплатените субвенции

И МВР се вклучи во истрагата со што му одреди 30 дневен притвор на ресенчанецот, а неговите сограѓани се згрозени од ваквиот чин.