РАДОВИШАНЕЦ НЕ ГО ГЛЕДАЛ ИНТЕРВЈУТО НА ГРУЕВСКИ: И преживеал

Како што ни пишаа на мејл од новиот компјутер кој им го подари градоначалникот на Радовиш, според евиденцијата на МВР, еден радовишанец не го гледал интервјуто на Груевски и преживеал.

„Лицет Ј. К. (54) со престојувалиште во Општина Радовиш презело мерки да не го гледа телевизиското интервју со експремиерот и бегалецот Н. Г. (48) и според сите податоци лицето Ј. К. преживеало иако од него се откажале роднините, а не го примаат, а е прогласен и персона нон грата пред локалната кооперација“ ни соопштија од радовишкото МВР.

Прекрасниот компјутер од кој ни е испратен мејлот

Ајде па само за добри вести да се користи новиот компјутер.