Министерството за внатрешни работи објави оглас во кој ги повикува сите вработени со лажна диплома да се пријават и, за надоместок во вредност од дипломата што ја купиле, да ја легализираат и да ги пополнат дупките во знаењето.
Ова е логичен потег после изјавата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, дека тие што се вработиле со лажни или купени дипломи нема да бидат отпуштени, туку само деградирани во чинот.

Со реакција се јавија и засегнатите припадници на МВР, кои се пожалија на нефер однос и непочитување кон трудот што го вложиле да ги купат дипломите и да влезат во работен однос во институција која е задолжена да го открие и спречи купувањето.