ПРИЛЕП СО ЧЕТИРИЦИФРЕНО ЗАГАДУВАЊЕ: Итна седница на советот на Скопје како да го стигнат вечерва

Фото - Стандард.мк

Прилеп долго време немаше мерна станица за загадување на воздухот. И подобро за прилепчани затоа што од кога ја ставија таа покажува енормно загадување во градот на тутунот. Денес тоа загадување стигна до четири цифри што го вклучи црвениот аларм во Скопје.

„Свикав итна седница на Советот на Град Скопје со цел да се преземат мерки кои ќе стапат на сила одма, а кои треба да помогнат Скопје да остане најзагаден град, а не некој таму Прилеп“ кратко изјави Шилегов.

Дали ова ќе остане рекорд за вечерва?

Во трката за најзагаден град во светот се уште и Битолла и Кавадарци па се надеваме на спортски натпревар без лажирање. Нека победи најзагадениот.