ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ИНТЕВЈУТО СО ГРУЕВСКИ ВО МВР НЕ МОЖАТ ДА ГО НАЈДАТ ДАЛЕЧИНСКИОТ УПРАВУВАЧ ОД ТЕЛЕВИЗОРОТ: Спасовски се сомнева дека е киднапиран

СЕ БАРА!

На само неколку минути пред почетокот на интервјуто со експремиерот Груевски во министерството за внатрешни се случува вистинска паника откако министерот забележал дека телевизорот е изгасен, а далечинскиот управувач го нема.

Тој вели дека управувачот бил обезбедуван од четворица полициски службеници кои не можеле да бидат постојано со него, па околу 18:30 му се губи секаква трага, што според Спасовски упатува на киднапирање од професионалци.

МВР се надева дека потрагата ќе биде успешна пред крајот на интервјуто

Во моментов започна и потрагата, а во МВР врие од полиција која ги проверува гепеците на возилата на секој кој го напушта објектот.