ПРВИ ЕФЕКТИ ОД ВИСОКИОТ ЕКОНОМСКИ РАСТ: Годинава рекордни приходи за коледарите на Бадник

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, на првиот работен после празниците, го презентираше извештајот „Коледе 2019“ според кој годинава на Бадник биле поделени над 3 милиони денари, 4 тони портокал, 2 тони мандарина и 210 грама костени.

– Ова се очекувани бројки после зголемувањето на платите и пензиите, намалувањето на невработеноста и секако, враќањето на украдените пари во буџетот. Парите ги враќаме кај граѓаните, а тие ги раздаваат на коледарите. – рече министерот Тевдовски.

Тој најави дека наскоро ќе биде лансирана и веб страната koledarche.mk, на која сите кои биле дел од овој обред ќе можат да се информираат за своите права и обврски, како и да ги пријават приходите, со цел тие да бидат оданочени.