ПРВИОТ ЧОВЕК НА МАРС ДО 2025-ТА: Првиот човек со воз на аеродром во Скопје до 2030-та

Фото - fokus,mk

Министерството за транспорт и врски објави амбициозен план во кој за рекорден рок од само 11 години треба да го пушти првиот Македонец кој ќе емигрира од земјава од Железичката станица во Скопје до скопскиот аеродром со воз.

„Ова е мал чекор за човештвото и општо е мал чекор во 11 години да изградиме неколку километри пруга. Со ова ќе им се олесни емигрирањето на македонските граѓани што е придобивка од оваа влада“ истакна Сугаревски.

После објавата на Сугаревски Елон Маск се оддаде на дрога

После ова соопштение акциите на Македонски Железници ги надимниаа оние на Тесла, а многумина и предвидуваат крај на компанијата на Елон Маск.