ПРАТЕНИЧКА СЕ ОТКАЖУВА ОД СИНОТ: Не сакал да работи државно, се сомнева дека не е нејзин

    фото - kanal5.com.mk

    Пратеничка која побара да остане анонимна за Фчерашни изјави дека се откажува од својот син при чиста свест затоа што тој не сакал да работи во државна фирма.

    „Не сум ни сигурна дека е мое дете. Му најдов работа, три места во управен одбор, а тој запнал да работи приватно, да оди против традицијата со генерации сите да работиме државно“ вели разочараната пратеничка.

    Солзите на една мајка се најтешки

    Синот кратко ни изјави дека ова е точно и да не го замараме затоа што утре е на работа. Приватно.