ПРАТЕНИК ЗА ПРИМЕР: Груевски повеќе од три месеци не зел патни трошоци!

    Додека пратениците од СДСМ, ВМРО, ДУИ и другите партии земаат по над 10.000 евра за патни трошоци еден светол пример се истакнува меѓу своите колеги, а тоа е пратеникот Никола Груевски кој не зел патни трошоци веќе три месеци.

    „Ова е светол пример за тоа како еден пратеник се грижи за буџетот на државата и парите на граѓаните да се на сигурно“ коментираат експертите.


    Единствена слика на интернет од шампионката по патни трошоци Рабаџиевска

    Рекордер во патни трошоци е Бети Рабаџиевска од СДСМ со 11.700 евра, по неа е Мира која не мора да и го спомнуваме и презимето со 10.369 евра и бронзен медал добива Алија Камберовски од ПЕИ со скромни 10.355 евра.