ПО 26 ГОД. КАВГА: Тројца браќа се смириле за да можат семејно да одат во кафана

Разме, Стојан и Тасо Прдалевски од струшко Ташмаруништа, се браќата што после две и пол децениска расправија, конечно ги закопаа секирите и се зближија околу она што ги поврзува најмногу – кафаната.

Конфликтот започнал во 1994 година, кога најстариот од нив, Стојан, инсистирал меѓата на земјиштето што им го оставил татко им, да се повлече неколку метри кон имотот на браќата, со цел да добие два квадрати повеќе обработлива земја. Браќата го одбиле неговиот предлог, по што дошло до жестока караница и, иако живеат во иста куќа, од тогаш не прозбореле ниту збор.

Браќата си пружија рака и го оставија минатото зад себе

26 годишниот молк завршил на денот кога беше објавено дека на маса во кафана ќе можат да седат само членови од исто семејство и денес тие се посветени семејни луѓе, што се заедно секој ден, по цел ден.

Фото: BTURN.com