Само неколку дена откако службите на град Скопје при реконструкцијата на булеварот Партизански одреди открија саркофаг од римско време, пронајден е уште еден интересен артефакт кој говори многу за состојбата во која се наоѓа македонското општество.
Имено, од извори блиски до дното дознаваме дека археолозите што излегле на терен, на неколку метри под местото каде што е пронајден саркофагот, ископале остатоци од правната држава, која се наоѓала во многу лоша состојба, скоро пред распаѓање.

Според нивните првични проценки таа била тука закопана пред околу 30ина години и од тогаш никој не се потрудил да ја побара, но благодарение на трудот на градоначалникот Шилегов се докажа дека иако е закопана, се’ уште има нејзини остатоци во земјава.