ПО ПРИМЕРОТ НА ЛУКСЕМБУРГ: Јавниот превоз во Македонија бесплатен за сите

Откако Луксембург воведе бесплатен јавен превоз за сите граѓани кои се колку половина Струмица истото го прави и Швајцарија на Балканите – Македонија. Разликата е во нијанси.

„Бесплатниот јавен превоз во Македонија важи за сите граѓани без разлика на нивната возраст или социјален статус доколку не те фати контрола“ велат од Владата.

Сега пензионерите ќе можат секој ден да се возат бесплатно

Граѓаните се радосни на овој чекор и се надеваат дека ќе има ваков транспорт и во странство.