ПО ОГЛАСОТ ЗА НАБАВКА НА МЕСО ВО ВРЕДНОСТ ОД 40 ИЛЈАДИ ЕВРА: Преполните ладилници во владата ги скараа владините службеници

Огласот кој го објави владата за набавка на месо во вредност од 40 000 евра, внесе немир во, и онака нестабилната коалиција и го стави под знак прашање следниот ручек на министрите.

Имено, според нашите извори, главниот готвач во владата жестоко реагирал на тоа што ладилниците биле преполни со замрзнати пензии, поради што немало доволно место за месото. Освен за ова, тие често се користеле и за замрзнување на состојбите во судството, здравството, економијата и образованието, области за кои ќе треба да набавиме грејач за да ги помрднеме од статус кво.

Нов предизвик за премиерот на трнливиот пат кон Нобеловата награда

Како ќе биде решен овој проблем, односно дали премиерот Зоран Заев ќе успее да издејствува уште едно помирување, со што ќе се најде решение за месото и за пензиите, останува да видиме во наредните денови.